Турнири

Детонит Плачковица и Партизан Југ доаѓаат на Охрид Куп 2026

Сподели
Сподели

Организаторите на Охрид Куп ги претставија првите екипи кои доаѓаат на првото издание од овој детски фудбалски турнир кој се организира под мотото „Секое дете е победник“ со тоа што секое дете добива медал и маичка, додека пак за тренерите се обезбедени тренерки.

Партизан Југ од Брвеница доаѓа на Охрид Куп 2026, клуб со силен фокус на развојот на младинските категории и промоција на спортските вредности во локалната заедница. Партизан Југ од Брвеница со сојот квалитет ќе придонесе за силна конкуренција на Охрид Куп.

На Охрид Куп доаѓа и најголемото фудбалско семејство од Радовиш – Детонит Плачковица го потврди своето учество на Охрид Куп 2026.

Фудбалското семејство на Детонит Плачковица е најголемо во Радовиш, вкупно 160 деца, со 110 во Детската лига на ФФМ, а најмалата возрасна категорија во лигата е генерација 2018 година.

Клубот е вистински расадник на млади таленти, а Детонит Плачковица има и „Киндер група“ од генерации 2019 и 2020. Во пионерско младинската категорија имаат четири пријавени генерации, највозрасната е 2007 година. Радовишани носат силна конкуренција на Охрид Куп.

Во секој нареден ден ќе бидат промовирани нови екипи, а првото издание од овој турнир ќе се одржи од 18 до 21 јуни.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, а секоја екипа која ќе учествува на Охрид Куп ќе има бесплатна медиумска поддршка во текот на 2026 година, што уште една предност зошто и вие да учествуваше со вашата екипа на Охрид Куп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!