Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а Интернационал Мастерс Куп 2026 продолжува да ја зацврстува својата елитна репутација со нови учесници во фокусот.
Најново потврдени екипи кои ќе бидат дел од турнирот се грчкиот Пансерраикос ФК, српската академија АК Фудбала 11, во листата на учесници веќе се наоѓаат и звучни имиња како Црвена Звезда, Бешикташ, Панатинаикос, Гент, Фенербахче, како и Чукарички – клуб кој годинава одбележува 100 години постоење и е препознатлив по својата квалитетна младинска школа. Потврдено учество имаат Кожуф, Азури, Детонит Плачковица, Аеродром, Брера, Фортуна, Дрим Тим, Wonderkids, Беса, српски Меридиана, ФК Тони, Беласица и Alexandro.
Турнирот ќе се одржи од 22 до 24 мај во Валандово, Дојран и Гевгелија, каде љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во вистински младински спектакл.
Ќе настапат екипи во повеќе возрасни категории (U8 до U12), со модерен систем на натпреварување кој вклучува групна и нокаут фаза, како и загарантирани повеќе натпревари за секој тим. Организаторите најавуваат врвни услови за игра, професионално судење и силен акцент на фер-плеј и развојот на младите фудбалери.
Интересот за учество е огромен, а пријавите се веќе во тек. Поради ограничениот број на места, клубовите се повикуваат навреме да го обезбедат своето место.
Спортскиот портал Спортска Мрежа ќе биде ексклузивен медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи целосно медиумско покривање со вести, фотографии и видеа, како и преноси во живо на YouTube каналот на Спортска Мрежа.