Кошарка

Бадел 1862 не се предава: „Баделки“ ја одложија титулата на Крива Паланка со драматична победа

Сподели
ФОТО: ЖКК Бадел
Сподели

Кошаркарките на Бадел 1862 покажаа карактер и огромна борбеност, откако со минимални 71:69 славеа против фаворизираниот состав на Крива Паланка во третиот натпревар од финалната плеј-оф серија.

Со оваа победа, „баделки“ ја одложија шампионската промоција на противникот и изборија уште најмалку еден натпревар во финалето, намалувајќи на 2-1 во серијата.

Избраничките на тренерот Дарко Димитријевиќ одиграа мотивирано и храбро пред своите навивачи, надминувајќи ги сите проблеми со кои се соочуваа во текот на сезоната и финалната серија. Домашниот тим беше решителен до самиот крај, а победата ја обезбеди Ива Чолакоска, која на само 2.1 секунда до крајот реализираше поени за конечни 71:69.

Токму трилингот Фримен, Клири и Чолакоска беше клучен за големото изненадување, комбинирајќи 61 од вкупно 71 поен на Бадел 1862. Интересно е што сите три кошаркарки минаа комплетни 40 минути на теренот.

Фримен покрај поентерскиот учинок запиша и осум скока и осум асистенции, Клири додаде 15 скока, додека Чолакоска мечот го заврши и со девет скока и три асистенции. Значаен придонес имаше и Атанасова со шест поени и шест скока.

Во редовите на Крива Паланка, Робонсон беше најефикасна со 30 поени, иако со голем број шутеви од поле, додека Ниехуес оствари „дабл-дабл“ со 18 поени и 10 скока. Добар настап имаше и Груевска, која постигна 13 поени и четири скока.

Финалната серија сега повторно се сели во Скопје, каде Крива Паланка ќе има нова можност да ја затвори серијата, а Бадел 1862 ќе се обиде да ја продолжи драмата во борбата за шампионската титула.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!