Ракомет

Срце имаше, чудо немаше: Вардар запрен во четвртфиналето

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

РК Вардар 1961 запиша победа над Монпелје со 27-24, но триумфот не беше доволен за продолжување во Европската лига на ЕХФ. По високиот пораз на првиот натпревар во Франција, скопскиот состав не успеа целосно да ја надополни негативата и го заврши настапот во четвртфиналето.

Домашниот тим одигра многу посигурно и поенергично во споредба со првата средба, на моменти намалувајќи ја разликата и на само неколку голови од потребното. Сепак, гостите покажаа зрелост и контрола кога беше најважно, не дозволувајќи драматичен пресврт.

Клучен фактор во првиот дел беше голманот Милош Валах, кој со серија одбрани му даде сигурност на својот тим и овозможи предност од пет гола на паузата (17-12). Вардар имаше периоди на одлична игра во нападот, но и моменти на пад кои противникот знаеше да ги искористи.

Во второто полувреме, избраниците на Иван Чупиќ тргнаа решително и стигнаа до највисоки +7, враќајќи ја надежта кај публиката. Но, кога изгледаше дека може да се случи пресврт, следуваа неколку грешки во низа што Монпелје ги казни и повторно ја стабилизираше разликата.

Во финишот, заморот си го направи своето, па францускиот тим успеа дополнително да ја ублажи негативата и мирно да го приведе натпреварот кон крај.

Најефикасен кај Вардар беше Јака Малус со шест погодоци, додека по четири реализираа Воркапиќ, Хориха и Да Силва. Валах блесна со дури 18 интервенции. Кај гостите, најрасположени беа Вилемино, Ришер и Плантан со по пет гола, додека голманот Реми Дезбоне забележа 15 одбрани.

ФОТО: РК Вардар
Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски: Нашата цел е победа против Кипар, со полна сала заедно ќе можеме до позитивен резултат

Машката сениорска репрезентација на Македонија во четврток од 18:00 часот ја очекува пресметката со Кипар, втор натпревар во рамките на вториот циклус од...

Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....

Поврзани написи
Ракомет

Червар предупредува на пеколен ритам пред Гдањск: „Играчите не се животни, се изморуваат!“

Еурофарм Пелистер го очекува нов сериозен европски испит, а предводникот на битолчани,...

Ракомет

„Сакаме да играме под притисок“ – Видомски најави европска битка во Битола!

По домашното дерби со Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер целосно ги насочуваат...

Ракомет

Автокоманда во знакот на ракометот – Мулти Есенс и Алкалоид во меѓусебна пресметка!

Македонската Супер лига продолжува со нови предизвици, а едно од соочувањата во...

Ракомет

Кузманоски го искачи Строволу на врвот – македонскиот стратег лидер во кипарскиот шампионат!

Одлични вести пристигнуваат од Кипар, каде што Строволу, предводен од македонскиот селектор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!