КупФудбал

КУП: Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Охрид, Стојанче Стојанов на Шкендија Арачиново и Шкендија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Утре се играат реваншите од полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.

Во Кратово се среќаваат прволигашот Силекс и второлигашот Охрид, каде правдата ќе ја дели Игор Стојчевски, а негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Гоце Петрески, а пак Александар Урошевиќ е четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Пларент Салихи и Фуркан Идризи, а пак Виктор Васев е оператор за повторување на снимка.

Делегат на овој меч ќе биде Ивица Тасевски, а пак Никола Караколев е одреден за контролор.

Првиот меч кој се одигра на „Билјанини Извори“ заврши без победник (1:1).



Во Куманово на стадионот Башкими ќе се одигра мечот меѓу второлигашот Шкендија Арачиново и прволигашот Шкендија. Главен судија ќе биде Стојанче Стојанов, негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски, а пак Крумислав Ѓоргиев ќе биде четврт судија.

ВАР судија е Бењамин Ќерими, а пак АВАР судија е Дарко Видиниќ, додека пак Деан Стефков е оператор за повторување на снимка.

Делегат на овој меч е Тони Ефтимов, контролор е Сашо Лазаревски, а пак Зоран Саздов е комесар за безбедност на ФФМ.

На првиот меч тетовска Шкендија беше подобар со 3:2 во однос на Шкендија од Арачиново.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!