Ракомет

Трофејот ќе се дели во Охрид – познати термините за финалето во ЕХФ Купот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид ќе има шанса пред својата публика да се бори за европскиот трофеј, откако денешната ждрепка го одреди распоредот за финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Првиот финален натпревар ќе се одигра во Татабања на 23 или 24 мај, додека реваншот е закажан за 30 или 31 мај во Охрид, што значи дека победникот на ова натпреварување ќе биде решен на македонско тло.

Ждрепката беше извршена во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, а македонскиот претставник првиот меч ќе го игра на гостински терен, пред одлуката да падне во салата „Билјанини извори“.

ФОТО: ГРК Охрид

За Охрид ова е најголем успех во клупската историја, а тимот на Борис Ројевиќ до финалето стигна со елиминации над Баку, Слога Добој, Дукла Прага, Олимпијакос и Целје.

Охрид ќе има историска шанса пред домашната публика да го освои европскиот трофеј и да стави круна на една незаборавна сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!