Втора лигаФудбал

ФОТО: ЈП „Билјанини Извори“ со интензивен третман за подобрување на тревната подлога на стадионот во Охрид

Сподели
Сподели

Јавното претпријатие ЈП „Билјанини Извори“ спроведува интензивни пролетни активности за подобрување на тревната подлога на стадионот „Билјанини Извори“, со цел создавање врвни услови за спорт и рекреација. Покрај главниот стадион опфатени се активности и на останатите фудбалски терени.

Со доаѓањето на пролетта, започнаа темелни подготовки на тревнатите површини, при што беше извршена механичка обработка и длабинско проветрување на почвата на повеќе од 20 сантиметри. Овој процес овозможува подобра аерација и природна размена на гасови, што е клучно за здрав раст на тревата.

Потоа следуваше пресејување со квалитетна тревна смеса, како и прихрана со комплексно гранулирано ѓубриво. Дополнително, беше извршен и фолијарен третман со современи стимулатори за раст, PH стабилизатори и биолошки препарати базирани на Ecklonia maxima и Bacillus subtilis.

Целта на овие активности е јасна – создавање здрав, густ и отпорен тревник со силен коренов систем, кој ќе биде подготвен да ги издржи летните услови и зголемената експлоатација.

Во финалната фаза е спроведен и процес на топ-дресинг (песочење), со што дополнително се подобрува структурата на површината и се обезбедува оптимален контакт на семето со почвата.

Од ЈП „Билјанини Извори“ потенцираат дека ќе продолжат со посветени инвестиции во унапредување на спортските и рекреативните површини, со што директно се придонесува за подобри услови за сите спортисти и граѓани во Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!