Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) Ново реми без голови на „рибарите“: Охрид ги подели бодовите со Тим Инсајдерс

Сподели
Сподели

Охрид продолжува со „нулите“ откако во рамки на 10. коло на EPC (eFootball Pro Champions) одигра 0:0 против Тим Исајдерс и ги подели бодовите.

Одново завршниот пас беше проблем за „рибарите“ кои некакко „традицијално“ започнаа да ги нижат „нулите“, а на овој меч може да жалат за пропуштените шанси. Во самиот финиш од мечот Охрид создаваше шансите и притисок кон голот на противникот, а во судиското надополнување „рибарите“ не реализираа стопроцентна шанса… на крај мораа да се задоволен само со бод, наместо да го имаат целиот „плен“.

Останува уште едно коло од регуларниот дел, а потоа ќе следува плеј-оф битката. Охрид е во игра за плеј-офот и засега го има во свои раце. Во следното коло ќе игра со Омладинац, со триумф секако ќе биде обезбеден плеј-офот, но има и други математики, ако Охрид одново „традиционално“ одигра „нула“.

Инаку лигата се игра во популарниот 3 на 3 мод, „рибарите“ играат во состав Иван Иванов, Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ, но на денешниот меч Иванов не можеше да настапи за Охрид и тоа беше донекаде хендикеп, знаејќи ги квалитетите на радовишанецот.

Натпреварите може да се следат во живот на Arena eSport ТВ каналот, како и на нивниот официјален YouTube канал, а Спортска Мрежа е медиумски покровител на тимот на Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!