КупФудбал

Полуфинални реванши во Купот: Силекс и Охрид во битка за финале, Шкендија фаворит против Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Утре ќе бидат одиграни полуфиналните реванши од Купот на Македонија, а фокусот ќе биде во Кратово каде има активен резултат. Прволигашот Силекс ќе го пречека второлигашот Охрид, првото соочување меѓу двете екипи на „Билјанини Извори“ заврши без победник (1:1), а сега „кратерите“ не смеат да си дозволат „луксуз“ на домашен терен и ќе мора да дојдат до позитивен резултат против „рибарите“.

Од друга страна, Охрид веќе ги загуби шансите за да биде шампион во Втора лига и да има директен влез во Прва лига, па ќе чека од сенка место за бараж и по потешкиот пат да го бара влезот во елитата.

Затоа, Охрид може да влезе на утрешниот меч во Кратово максимално фокусиран и да бара историја, а како одигра на првиот меч и му дава за право тимот на Ромео Кочоски да се надева на историско Куп финале. Шкендија Арачиново како домаќин на реваншот со тетовска Шкендија ќе игра во Куманово на стадионот на Башкими, а причината е ВАР технологијата.

На првиот меч тимот од Арачиново беше добар, но загуби со 3:2, а така тимот од Тетово одново како фаворит доаѓа во Куманово по позитивен резултат и со тоа билет за пласман во финалето. Двата натпреварите стартуваат во 16 часот, а победниците од истите ќе се соочат во големото финале.

Освојувачот на Купот на Македонија обезбедува излез во Европа, односно игра квалификации за Конференциска лига на УЕФА.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари. Двете селекции ќе одиграат два пријателски натпревари, кои за кадетите ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата со генерацијата која во наредниот период ја очекува голем меѓународен предизвик....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!