Втора лигаТрета лигаФудбал

ВИДЕО: ОФС Гази Баба со голем чекор кон подобра фудбалска инфраструктура

Сподели
Сподели

Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба реализираше значаен инфраструктурен проект со кој се унапредуваат условите за работа и развој на фудбалот во повеќе општини. Со заеднички сили и координација, извршена е санација и уредување на вкупно шест фудбалски терени.

Со овие активности опфатени се стадионот „Железарница“ во Автокоманда, стадионот во Синѓелиќ, како и фудбалските терени во Ржаничино, Петровец, Средно Коњари и Долно Коњари.

На сите терени се спроведени темелни и професионални зафати, кои вклучуваат косење и уредување на тревната површина, аерација за подобра дренажа и проток на кислород, порамнување со песок за рамна подлога, прихрана со висококвалитетно ѓубре и засадување нова трева со цел да се добие густ и издржлив терен.



Овој проект претставува резултат на заедничка работа меѓу институциите и фудбалските структури, со јасна цел – создавање квалитетни услови за тренинг и натпреварување, како за клубовите, така и за младите фудбалски таленти.

„Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба изразува огромна благодарност до претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, како и до градоначалниците Бобан Стефковски (Општина Гази Баба), Александар Георгиевски – Градоначалник на Општина Илинден и Борче Митевски (Општина Петровец). Овој голем проект е плод на исклучителна меѓусебна соработка и заедничка координација, со единствена цел – создавање врвни услови за фудбал во нашите општини“, рече претседателот на ОФС Гази Баба, Дарко Костовски.

Во изминатиот период е саниран поголем дел од терените под надлежност на ОФС Гази Баба, а во наредниот период се најавува продолжување на активностите со целосно уредување и на преостанатите фудбалски површини.

Од Сојузот потенцираат дека ваквите проекти се доказ дека со заедничка работа и визија може да се постигнат конкретни резултати, кои директно придонесуваат за развојот на фудбалот на локално ниво.





Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко,...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!