Петта лигаФудбал

Братство од Житоше шампион со доминација: Следува настап во А Квалитетната лига на ОФЛ Прилеп

Сподели
Сподели

Некогашниот второлигаш Братство од Житоше ја круниса фантастичната сезона освојувајќи ја шампионската титула во Б Квалитетната лига на Општинската фудбалска лига Прилеп, која претставува петти ранг на натпреварување. Со овој успех, тимот обезбеди пласман во А Квалитетната лига, каде ќе настапува од следната сезона.

Братство зад себе остави импресивна сезона исполнета со резултати и доминација на теренот. Тимот забележа 11 победи, едно реми и два порази, со гол-разлика од 43 постигнати и 17 примени погодоци, освојувајќи вкупно 34 бодови.

Овој успех е резултат на организирана игра, стабилен ростер и јасна визија, а признание за сработеното стигна и од клупата, каде што тренерот Музафер Алиу ја предводеше екипата до шампионскиот пехар.

„Некогаш како фудбалер и капитен на оваа екипа, а денес со гордост ја славам шампионската титула во ОФС Прилеп како тренер на мојот клуб кој ми е во срцето. Овој успех им припаѓа на сите. Упатувам огромна благодарност до стручниот штаб и фудбалерите кои веруваа во мојата визија; заедно успеавме да испишеме нова историја за нашиот клуб. Посебна благодарност до нашата прекрасна публика, која нè бодреше неуморно во текот на целата сезона, како дома, така и на секое гостување. Да се биде тренер на овој клуб е огромна привилегија. Горд сум што ги следам стапките на луѓето кои го издигнаа овој клуб со незаборавна историја, како г-дин Ромер Муриќ и тогашното раководство, кои го постигнаа историскиот успех во плеј-офот за пласман во Втората лига на Македонија. Продолжуваме понатаму кон нови предизвици“, вели Музафер Алиу, тренер на ФК Братство од Житоше.

Со ваква сезона зад себе, Братство од Житоше со оптимизам и амбиции ќе влезе во новиот предизвик – настапот во А Квалитетната лига, каде ќе се обиде да го продолжи победничкиот ритам и да испише нови успеси.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Познати се четвртфиналистите во М16 лигата-жени

По одигрувањето на натпреварите од регуларниот дел во двете натпреварувачки групи, познати се и осумте екипи-учесници во вториот дел од М16 лигата-жени. Пласман...

Некатегоризирано

На 10. мај, кошаркарскиот караван пристигнува во Тетово

Кошаркарската федерација на Македонија овој викенд ја продолжува сезоната на М12 каравани – проект посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш ја прекина соработката со тренерот Борче Христов и неговите помошници Стојковски, Шиков и Левков

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци одлучни да направи голема чистка, откако по одржувањето...

Втора лигаТрета лигаФудбал

ВИДЕО: ОФС Гази Баба со голем чекор кон подобра фудбалска инфраструктура

Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба реализираше значаен инфраструктурен проект со кој се...

ФудбалЧетврта лига

Форца Нова шампион во ОФЛ Велес, Тони Тонев најстар стрелец во лигата со 58 години!

Екипата на Форца Нова е шампион во Општинската фудбалска лига на Велес...

ФудбалЧетврта лига

Стрела, Динамо, Кадица и Кадино во полуфинална битка за титулата во ОФЛ Прилеп и пласман во Трета лига – Југ

Возбудувањата во Општинската фудбалска лига Прилеп влегуваат во завршница, откако се познати...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!