ФудбалЧетврта лига

Стрела, Динамо, Кадица и Кадино во полуфинална битка за титулата во ОФЛ Прилеп и пласман во Трета лига – Југ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Возбудувањата во Општинската фудбалска лига Прилеп влегуваат во завршница, откако се познати двојките за полуфиналето кое ќе го одлучи новиот шампион и патник во Трета лига – Југ.

Во првиот полуфинален натпревар ќе се соочат Стрела од Ерековци и Динамо од Мажучиште. Овој дуел е закажан за среда (6 мај) на Градски стадион „Гоце Делчев“ со почеток од 17 часот.

Вториот полуфинален меч ќе се одигра ден подоцна, во четврток (7 мај), кога силите ќе ги одмерат Кадица и Кадино. И овој натпревар ќе се игра на истиот стадион со почеток од 17 часот.

Победниците од овие две полуфинални пресметки ќе обезбедат место во големото финале, кое е закажано за 13 мај, исто така на Градски стадион „Гоце Делчев“. Победникот од финалето ќе се закити со титулата шампион на ОФЛ Прилеп и ќе обезбеди пласман во Трета лига – Југ за следната натпреварувачка сезона.

Покрај борбата за титулата, вниманието ќе биде насочено и кон баражот за влез од Б во А квалитетната лига. Во овој дуел ќе се сретнат Братство од Големо Коњари и Прилеп Сити, а натпреварот е закажан за недела од 17 часот на Градски стадион „Гоце Делчев“.

Во меѓувреме, некогашниот второлигаш Братство од Житоше веќе обезбеди директен пласман од Б во А квалитетната лига за следната сезона. На клубот му беше доделен пехар, кој го врачи комесарот за натпреварување при ОФС Прилеп, Љубе Ристевски.

Фудбалската треска во Прилеп расте, а љубителите на спортот со нетрпение ги очекуваат решавачките натпревари кои ќе го дадат новиот шампион и патник кон повисок ранг.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!