Прва лигаФудбал

Одлуки на натпреварувачката комисија при ФФМ за инцидентите во Кавадарци и Кратово

Сподели
Сподели

Комисијата за натпреварување при ФФМ, на денешната седница отвори дисциплински постапки по случувањата од натпреварите во 30. коло од Првата МФЛ, сезона 2025/26.

На дуелот меѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран во Кавадарци на 3 мај 2026 година, евидентирани се сериозни инциденти од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ користела пиротехника, при што дури 38 пати биле фрлани пиротехнички средства на теренот. И покрај двете предупредувања преку разгласот, инцидентите не престанале. Дополнително бил истакнат и навредлив банер кон ФФМ, кој подоцна бил отстранет по интервенција на службените лица. Поради настаните е покрената дисциплинска постапка и случајот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

На натпреварот меѓу ФК Силекс АД Кратово и ФК Шкендија АД Тетово, одигран на 1 мај 2026 година во Кратово, инцидентите се случиле по завршувањето на мечот. Фудбалерот на Шкендија, Имран Фетаи, оштетил врата во службените простории удирајќи ја со нога, за што е изготвен и полициски записник и земена изјава.

Исто така, шефот на стручниот штаб на Шкендија, Јетон Беќири, се однесувал некоректно кон припадници на МВР, упатувајќи вербални навреди во службените простории.

Поради овие случувања, Комисијата за натпреварување покрена дисциплинска постапка против Имран Фетаи и Јетон Беќири, кои се предадени на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Дополнително, ФК Шкендија е задолжена во рок од 15 дена да постигне договор со ФК Силекс за надомест на причинетата штета и писмено да ја извести Комисијата за натпревари за регулирањето на обврската.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!