Останато

Пионерите на Струмица 47&72 до нов шампионски трофеј

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Кадетската и пионерската екипа на Струмица 47&72 повторно се искачија на врвот, одбранувајќи ја шампионската титула во машка конкуренција во своите возрасни категории.

Во финалето, кое имаше карактер на локално дерби, младите од Струмица 47&72 славеа победа над врсниците од Македонија Џио со 3:1 (20:25, 25:19, 25:19, 25:16).

Натпреварот започна подобро за Македонија Џио, која го доби првиот сет и поведе со 1:0. Сепак, во продолжението следуваше целосен пресврт – Струмица 47&72 ја презеде контролата, ги доби наредните три сета и заслужено ја задржа титулата.

Во натпреварот за третото место, ГОК Борец стигна до бронзениот медал откако со 3:1 (25:21, 25:19, 15:25, 25:15) беше подобар од Работнички 71&22.

ФИНАЛЕН ТУРНИР ПИОНЕРИ

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

ГОК БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 71&22 3:1 (25:21, 25:19, 15:25, 25:15)

ФИНАЛЕ

СТРУМИЦА 47&72 – МАКЕДОНИЈА ЏИО 3:1 (20:25, 25:19, 25:19, 25:16)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.СТРУМИЦА 47&72

2. МАКЕДОНИЈА ЏИО

3. ГОК БОРЕЦ

4. РАБОТНИЧКИ 71&22

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!