Ракомет

По европската еуфорија – Охрид се враќа на домашните обврски: дуелот со Алкалоид во фокусот

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По историскиот пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид немаат многу време за славје. „Гладијаторите“ веднаш се насочуваат кон новите предизвици, овојпат на домашната сцена, каде ги очекуваат клучни натпревари во плеј-офот од Супер лигата.

Следен предизвик за охриѓани е дуелот против Алкалоид – натпревар кој доаѓа во густ распоред и бара максимална физичка и ментална подготвеност. Тимот ќе мора брзо да се регенерира по напорните европски пресметки, но и да го задржи победничкиот ритам.

Средниот бек на Охрид, Тилен Стрмљан, очекува тежок натпревар против квалитетен противник, потенцирајќи дека клучно ќе биде тимот да се освежи и подготви за нова битка. Тој верува дека мечот ќе биде неизвесен и интересен, а воедно упати повик до навивачите да дојдат и да дадат поддршка, која, според него, ќе биде од големо значење за тимот.

„Повторно нè очекува еден тежок натпревар против екипата на Алкалоид. Имаме напорен ритам на натпревари, така што прво мораме да се регенерираме, па во вторник да покажеме срце на терен. Натпреварот ќе биде интересен, затоа ги повикувам нашите навивачи да ни се придружат и да ни пружат поддршка која сигурно ќе ни биде потребна.“- изјави Стрмљан.

ФОТО: ГРК Охрид

Јасно е дека по европскиот успех, Охрид ќе се обиде да го пренесе позитивниот моментум и на домашната сцена, каде секој бод во плеј-офот може да биде пресуден.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Охрид се игра во вторник (05.05) во салата „Автокоманда“ со почеток од 18:00 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!