Прва лигаФудбал

Реми со шест погодоци меѓу Работнички и Пелистер, Вардар сигурен против Башкими на патот кон титулата!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Возбудлива фудбалска вечер донесе драма на два фронта – во борбата за опстанок Работнички и Пелистер одиграа спектакуларно реми 3:3, додека Вардар продолжи со победничкиот ритам триумфирајќи со 2:0 на гостувањето кај Башкими.

Во Скопје, дуелот меѓу Работнички и Пелистер започна фуриозно. Домашните поведоа уште во 4. минута преку Сухељ Муарем, но гостите експресно возвратија со погодокот на Булатовиќ за 1:1 по само девет минути игра. Во 26. минута Работнички повторно дојде до предност, откако Демири беше прецизен од белата точка за 2:1.

Во второто полувреме, Работнички стигна и до 3:1 преку Дитмир Хоџа по брза контра, но тука започна големиот камбек на битолчани. Пелистер постепено го засили притисокот, а Петковски со ефектен волеј намали на 3:2. Во судиското продолжение, капитенот Мирко Ивановски со реакција од прва и со помош на стативата донесе израмнување за конечни 3:3. Пелистер имаше и шанса за целосен пресврт во самиот финиш, но не успеа да го совлада Ондоа.

Со освоениот бод, Пелистер се изедначи со Брера на осмото место со по 33 бода, додека Работнички останува во опасната зона со 29 бода, зад Македонија ЃП која има 30.

На другиот натпревар, Вардар ја продолжи добрата серија со сигурна победа од 2:0 против Башкими. „Црвено-црните“ рано поведоа преку Горан Закариќ, кој по асистенција на Стефан Цветковиќ донесе предност уште во 8. минута. Истиот играч имаше уште неколку обиди, вклучително и удар во пречката, но резултатот остана неизвесен до финишот.

Во судиското надополнување, Вардар го завери триумфот, откако по ударот на Бобан Николов и интервенцијата на Борјан Пановски топката заврши во мрежата за конечни 2:0. Башкими во вториот дел се закани преку Роналдо Никел Ор, но без конкретна реализација.

Следното коло повторно носи директни пресметки во борбата за опстанок, каде Пелистер ќе го пречека Шкупи, а Работнички ќе гостува кај Брера.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Кочани

Во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига екипата на Вардар како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Кочани....

Ракомет

„Сите го даваат срцето и последниот атом сила за Охрид“ – Ројевиќ пресреќен по историското европско финале!

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, а тренерот Борис Ројевиќ по историскиот успех истакна големо задоволство од тимот и борбеноста...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Кочани

Во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига екипата на...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Преспа

Со натпреварот меѓу Големо Коњари и Преспа, денес ќе биде затворено 27....

Прва лигаФудбал

Влатко Илиоски ќе им суди на Тиквеш и Арсими, Благојче Ралевски главен во Струга

Денес со два натпревари ќе се комплетира 30. коло на Првата македонска...

Втора лигаФудбал

Александар Милушев влезе во „клубот 250“ на Беласица

Капитенот на Беласица, Александар Милушев, денеска испиша нова страница во клупската историја,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!