Ракометарите на ГРК Охрид испишаа историја, откако по драматична завршница и подобро изведување на пенали го елиминираа Целје и се пласираа во финалето на Европскиот куп на ЕХФ.
Во преполната сала „Билјанини Извори“, избраниците на Борис Ројевиќ одиграа натпревар за паметење. По израмнетите 25-24 во регуларниот дел (11-11 на полувреме), победникот мораше да се решава од седум метри, каде охриѓани беа посигурни и славеа со вкупни 28-26.
Стартот му припадна на гостинскиот тим кој поведе со 0-2, но Охрид брзо се врати и преку Јагуриновски, Јасухира и Тасески стигна до прво водство. До паузата се водеше израмнета битка, а голманот Пилиповиќ се истакна со неколку клучни интервенции.
Во второто полувреме продолжи неизвесноста. Се играше гол за гол, со постојани пресврти и минимални разлики. Јапонецот Косуке Јасухира беше вистински лидер на теренот со осум погодоци, додека Стрмљан беше перфектен со „седум од седум“.
Во самата завршница драмата кулминираше – Охрид имаше предност од 25-23, но Целје со погодок во последните секунди избори пенал-рулет.
Во серијата од седум метри, за охриѓани погодија Ојлески, Јасухира, Ќосевски и Ѓукиќ, додека клучниот момент беше промашувањето на Макуц, што предизвика ерупција од радост на трибините.
Со оваа победа, Охрид обезбеди историски пласман во финалето, каде за противник ќе ја има унгарската Татабања. Финалните натпревари се закажани за крајот на мај, каде македонскиот претставник ќе има шанса да ја круниса својата европска сезона со трофеј.
Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...
Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...
Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....
Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...
Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...