Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Сподели
Сподели



Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила ќе гостува кај лидерот Влазними во Струга.

Станува збор за директна пресметка за врвот на табелата, во која Влазними влегува како првопласиран со 31 бод, додека Могила е веднаш зад него со 28 бодови. Влогот е огромен, а натпреварот најавува голема неизвесност во битката за првото место.

Во пресрет на дербито, капитенот на Могила, Антонио Спировски, испрати силна порака и дополнително ја подгреа атмосферата.

„Играме натпревар во Струга за историја, за моментот за кој сонувавме ние, но и генерации пред нас. Пред три години почнавме од почеток, од Б лигата каде бевме шампиони, следната сезона во А лигата повторно шампиони, а еве денес сме на само чекор до нова шампионска титула и историски пласман во Втора македонска лига. На почетокот дадов едно ветување, поврзано со моите фудбалски квалитети, кога многумина зборуваа дека заслужувам да играм професионален фудбал. Тогаш кажав: многумина сакаат да ме видат во некој второлигашки клуб, но јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила! Тогаш можеби звучеше нереално, но знаев што сонувам и што сакам. Денес сме на чекор од целта. Гостуваме кај лидерот, клуб со богата историја и квалитетни фудбалери кои биле дел и од Првата лига. Ги респектираме, но знаеме дека не очекува вистинска фудбалска претстава и верувам дека на крајот ние ќе се радуваме. Ќе играме за нас, за цела Могила и за сите кои заедно со нас го сонуваат овој сон“, вели Спировски.

Дербито во Струга носи голем притисок, но и огромна мотивација за двата тима, кои ќе се борат за клучни три бода во трката за шампионската позиција. Се очекува вистинска фудбалска битка, достојна за значењето што го носи овој натпревар.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!