Со седум мечеви утре ќе биде отворено 27. коло на Втората лига, а истото ќе се затвори со еден натпревар в недела.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари кои ќе започнат во 16 часот.
Во Прилеп се игра мечот меѓу Победа и Тетекс, каде Димитар Левески ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Осман Зеќири и Марио Мојсоски, додека пак Бенарт Зеќири ќе биде четврт судија.
Венцо Зафиров ќе биде делегат, додека пак Орце Стефановски ќе биде контролор.
Во Кочани силите ќе ги одмерат Осогово и Кожуф, главен судија ќе биде Фуркан Идризи, а ќе му асистираат Имран Абази и Цветанка Савеска, а пак Бардхиљ Ибраими ќе биде четврт судија.
Делегат на овој меч ќе биде Хајро Бабичиќ, а Душко Милошески ќе биде контролор.
Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Вардар Неготино ќе го суди Спире Арсов, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов, додека пак Дарко Стојчевски ќе биде четврт судија.
Делегат на овој меч ќе биде Раде Гроздановски, а пак Љубе Ристевски ќе биде контролор.
Дербито во Струмица меѓу Беласица и Брегалница ќе го суди Доне Ристовски, а негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев и Давор Дишлиевски, додека пак Јордан Јовановски ќе биде четврт судија.
Дејан Тасески е делегат, а Сашко Ангелов е контролор.
Во Виница се игра мечот меѓу Слога и Новаци, а таму главен судија ќе биде Боби Величков со неговите асистенти Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов, а пак Игор Иванов е четврт судија.
Арменд Дестани е делегат, додека пак контролор на натпреварот е Бурханедин Салихи.
Дербито во Автокоманда меѓу Скопје и Охрид ќе го суди Стојанче Стојанов, а ќе му помагаат Ристо Ѓоргиев и Роберт Црвенов, а пак Дарко Стојанов е четврт судија.
Николче Ивановски е делегат, Ѓорги Карајанов е контролор, а пак комесар за безбедност е Љупчо Ралевски.
Во Радовиш се игра мечот меѓу Детонит Плачковица и Каменица Саса, главен судија ќе биде Ндерим Тефику, негови помошници ќе бидат Александар Ѓурковски и Тамара Цветановиќ, а пак Ангела Рајчевска ќе биде четврт судија.
Христијан Димоски ќе биде делегат на овој меч, а контролор ќе биде Илчо Јорданоски.
Колото се затвара в недела со мечот меѓу Големо Коњари и Преспа, а главен судија на овој меч ќе биде Дарко Котевски, негови помошници ќе бидат Ангела Домазетовска и Дарко Василевски, а пак Владимир Ѓорѓиевски ќе биде четврт судија.
Бранко Богатинов ќе биде делегат, а контролор ќе биде Марјан Петров.