Ракомет

Четвртфинале со тежина: Вардар 1961 против европскиот гигант- Монпелје

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Македонскиот шампион Вардар 1961 вечерва го отвора четвртфиналниот двомеч во Европската лига со гостување кај францускиот гигант Монпелје – дуел што носи тежина на вистински европски класик.

Станува збор за пресметка меѓу два поранешни шампиони на Европа. „Црвено-црните“ се искачија на европскиот трон во 2017 и 2019 година, додека Монпелје славеше во 2003 и 2018, што само ја засилува тежината на овој четвртфинален судир.

ФОТО: РК Вардар

Францускиот тим на хартија ја има фаворитската улога, особено поради искуството и ростерот со кој располага, но и поради фактот што Вардар ќе настапи со скратена ротација. Сепак, избраниците на Иван Чупиќ имаат што да понудат. Вардарци одиграа одлична главна фаза, ја освоија групата и обезбедија директен пласман во четвртфиналето, со само два порази на десет натпревари.

Дополнителен мотив за македонскиот состав е и формата – без пораз во домашниот плеј-оф и со изразена самодоверба, што може да биде клучен фактор пред ова тешко гостување.

ФОТО: РК Вардар

Од другата страна, Монпелје до четвртфиналето стигна преку убедлив настап во плеј-офот против Елверум, а и покрај силната конкуренција во групната фаза, покажа дека знае да се носи со најдобрите, со значајна победа над Фленсбург.

Натпреварот во Франција ќе биде вистински тест за карактерот на Вардар. Дисциплинирана одбрана, трпелив напад и максимална концентрација ќе бидат неопходни ако „црвено-црните“ сакаат активен резултат пред реваншот.

Историјата покажала – кога е најтешко, Вардар знае да изненади. Сега е моментот повторно да го потврди тоа на европската сцена.

ФОТО: РК Вардар

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!