Лидерот Еуромилк ГЛ го доби дербито на 22. коло во Трета лига – Север откако славеше со минимални 1:0 над БВК Коњаре, а мечот го реши Хусеин Демири кој стрелаше во 87. минута.
Фортуна со убедливи 6:0 го декласираше составот на Отља, а стрелци беа Агон Исмаили, Шуип Хисмани, Алтин Сефо и Фисник Синани, а пак двоен стрелец беше Вулнет Мемети.
Беса Сарај забележа убедлива победа од 7:2 над Кадино, во меч акде стрелци за домашниот состав беа Зирап Имери, Муадх Куртиш, Мустафа Јусифи, Ељмедин Бахтијаровски и Артан Чилафи, а двапати погоди Амар Мустафа. За гостинот стрелаа Јусуф Мемедовски и Никола Спасевски.
Студеничани со погодоците на Енис Ибраими и Риад Кадри го доби Башкими Љуботен со 2:0, Пчиња преку Нешевски и двата гола на Стојановски го доби Лопати со 3:1, за гостинот погоди Мустафи.
Куманово пак со 3:2 го доби дербито со Аеродром преку Имери, Реџепи и Јовановски, а пак за гостинот погоди Јорданоски, додека пак Велиновски си постигна автогол.
Беса од Слупчане со 5:0 го декласираше Ржаничино, во меч каде Мерван Фетаи постигна три гола, а по еден гол Шуајб Барјами и Харун Касуми.
Еуромилк ГЛ е шампион во Трета лига – Север, „лисиците“ се на врвот со 64 бодови, десет повеќе од БВК Коњаре кој е втор со 54 бодови, Аеродром и Куманово го делат третото место со по 44 бодови.