Трета лигаФудбал

Могила го доби дербито со Славеј Мешеишта и го искористи поразот на лидерот Влазними

Сподели
ФОТО: ФК Могила
Сподели



Интересни и возбудливи натпревари донесе 15. коло на Трета лига – Југозапад, каде Могила го доби дербито со Славеј Мешеишта во трката за второлигашкиот бараж благодарение на голот на најдобриот стрелец во лигата Хакан Алимовски.

Победата добива на тежина бидејќи голот беше постигнат во 88. минута од средбата.

Лидерот Влазними се „сопна“ во Ношпал каде загуби си 2:1 од екипата на Напредок. Владе Јанакиевски во 9. минута го отвори резултатот за водство од 1:0 на полувреме.

Во вториот дел гостинот од Струга израмни на 1:1 преку Сундим Фејза во 57. минута, но по само четири минути Александар Христовски постигна гол за конечни 2:1 со што трите бодови останаа во Ношпал.

Во Дебар немаше победник – Кораб и Кравари ги поделија бодовите играјќи 1:1. По чистите мрежи во првиот дел Бедри Бајрами во 50. минута постигна гол за водство од 1:0, а по седумнаесет минути игра Мартин Селјанковски постигна гол за конечни 1:1 и делба на бодовите.

Поранешниот второлигаш Караорман со „лото“ победа од 7:1 над Демир Хисар. Хет-трик имаа Ненад Балоски и Лука Богданоски, а еден гол постигна Игор Клечкароски, за гостинот единствен стрелец беше Димитар Дамчевски.

Лидер е Влазними со 31 бод, а Могила сега е втора со 28 бодови, додека пак на третото место е Славје од Мешеишта со 26 бодови.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!