Трета лигаФудбал

Крумислав Ѓоргиев го доби дербито меѓу Победа Валандово и Турново, Тодор Апостолов главен во Карбинци

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



В недела се играат мечевите од 18. коло на Трета лига – Исток, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на четирите натпревари.

Колото се отвара во Пирава во 15:30 часот со дербито на Југот меѓу Ударник и Дојранско Езеро. Ристе Бојчев ќе биде главен арбитар, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Даниел Ангелов.

Контролор на овој меч ќе биде Крсто Пандев, делегат е Драги Јанушев.

Останатите три средби ќе започнат во 16 часот.

Дербито во Валандово меѓу Победа и Хоризонт Турново ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, негови помошници ќе бидат Ристо Ѓоргиев и Дејан Стоиков.

Наум Мицев ќе биде делегат на дербито, а пак Александар Ангелов ќе биде контролор.

Македонското „Ел класико“ во Делчево меѓу Брегалница и Малеш од Берово ќе го суди Блаже Петковски, а негови помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, додека пак контролор ќе биде Алекса Горбашлиев.

Делегат во Делчево е Митко Бојаџиев.

Карбинци на домашен терен ќе игра против Тиверија, а правдата на овој меч ќе ја дели Тодор Апостолов, додека пак негови помошници ќе бидат Мики Ѓеоргиевски и Тоше Џамов, а контролор ќе биде Јордан Гицов.

Делегат е Ангел Дамјанов.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Радовиш подготвен за Првомајските спортски натпревари: Богата програма за сите генерации

Општина Радовиш и оваа година подготвува богата и разновидна спортска програма во рамки на традиционалните Првомајски натпревари, кои ќе донесат динамика, забава и...

Останато

Македонските таеквон-до натпреварувачи со борбени настапи на Европското првенство во Крит

Македонската репрезентација во традиционално таеквон-до имаше низа настапи во третиот и четвртиот натпреварувачки ден на Европското првенство кое се одржува во Крит, Грција,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арифовски ќе се обиде да ја врати АП Брера на победнички колосек на мечот со Пелистер

Завршница е на сезоната, а во Струмица има турбуленции. Замина досегашниот тренер...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Вардар и Арената се инспирација за секого

Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје  со почеток од 16:00 часот,...

Прва лигаФудбал

Вардар оди само на триумф против Тиквеш, лидерот сака три бода и ништо друго!

Како што одминува времето и се приближува крајот на шампионатот, така битката...

Прва лигаФудбал

Пелистер сака да ја преживее Струмица и да ги освои бодовите во дуелот со Брера

Битолскиот фудбалски мега-бренд минува низ стресен период од годината кога секој натпревар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!