Фудбал

Бојан Најденов се подготвува за ново поглавје: Искусниот фудбалер започна УЕФА А тренерска едукација

Сподели
Сподели

Искусниот македонски фудбалер Бојан Најденов во моментот инвестира во своето знаење и иднина како тренер, откако го посетува курсот за УЕФА А лиценца, едно од највисоките нивоа на тренерска едукација во европскиот фудбал. Со овој чекор, Најденов јасно ја најавува својата транзиција кон тренерските води по долгата и богата играчка кариера.

Станува збор за фудбалер со големо искуство и интернационално реноме, кој зад себе има настапи за повеќе клубови во Македонија, но и во странство. Во домашното првенство ги носеше дресовите на Беласица, Кожуф, Брера Струмица, Вардар, Работнички и Хоризонт Турново.

Надвор од Македонија, Најденов настапуваше за египетскиот Смуха, иранскиот гигант Естеглал, албанскиот Лачи, узбекистанските Навбахор и Локомотив Кашкент, како и за црногорската Искра.

Во својата кариера има освоено и значајни трофеи – шампионската титула со Локомотив Кашкент во сезоната 2022/2023, како и Купот на Иран со Естеглал во сезоната 2017/2018.

Бојан Најденов има и репрезентативно искуство, настапувајќи за сениорската репрезентација на Македонија, каде своето деби го запиша во 2014 година.



Со вакво фудбалско педигре, јасно е дека Најденов влегува во тренерската едукација со огромно знаење и искуство. Неговото приклучување на УЕФА А курсот претставува прв чекор кон ново поглавје во кариерата, каде што од теренот полека преминува во улога на стратег и фудбалски ментор.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!