17-годшниот Невзат Асани е меѓу најдобрите стрелеци на Вардар во кадетската Супер лигата, напаѓач кој ветува многу на фудбалскиот терен.
Кадетите на Вардар го добија дербито од 22. коло од Супер лигата, против екипата на Македонија Ѓ.П, натпревар кој секогаш се смета за локално дерби на градот Скопје.
Позитивниот резултат ги води како лидер на табелата во Супер лигата. Во населбата Ново Лисиче натпреварот од 22. коло кој се одигра во неделата, го реши еден гол за триумф на кадетите на Вардар од минимални 1:0 над тимот од Ѓорче.
Возбудлив натпревар помеѓу двата тима кои се борат за титулата, а на крајот екипата на Вардар на тренерот Илиевски триумфираше со резултат 1:0.
Решавачки беше голот на Невзат Асани. Тетовчанецот беше тој што ја направи разликата, постигнувајќи го единствениот гол во 57. минута и поставувајќи го конечниот резултат 1:0 во ова дерби од кадетската лига.
„Беше незаборавен натпревар за мене да постигнам гол и да излезам како победник во градско дерби“, изјави Невзат Асани.
Кадетите на ФК Вардар пред неколку дена обезбедија пласман во полуфиналето на Купот, откако повторно ја победија Македонија ЃП со резултат 4:2, а повторно Невзат Асани беше херој на Вардар постигнувајќи хет-трик.
Невзат Асани во тимот на Вардар пристигна во јануари оваа година, од тимот на Шкендија од Тетово.
Со оваа заслужена победа, кадетите на Вардар продолжуваат силно по својот пат кон трофејот во Кадетската Супер лига.
Буран Муслиу, Спортска Мрежа