Прва лигаФудбал

Арсими го декласираше Шкупи со пет гола

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Екипата на Арсими оствари рутинска победа против Шкупи во Гостивар, освојувајќи три нови бода по триумфот од 5:1. Домашните фудбалери беа доминантни во текот на целиот натпревар, а петте гола во мрежата на гостите се вистински одраз на случувањата на теренот.

Уште во првата посериозна акција, Арсими изнуди пенал по прекршокот на Јакуп Семиху врз Албин Рамадани во казнениот простор. Сигурен реализатор од белата точка беше токму Рамадани, кој во 15. минута донесе водство од 1:0.

Домашните продолжија со нападите, а по пропуштените шанси на Селмани и Рамадани, како и силниот удар на Абдули, кој беше одбранет од голманот Муслиу, притисокот вроди со плод во 39. минута. По асистенција на Селмани, Реџепи прецизно погоди од непосредна близина за 2:0.

Второто полувреме започна со обид на Селмани, но Шкупи беше тимот кој прв постигна гол во овој дел. По една мешаница во шеснаесетникот на домашните, Нијази Нухиа успеа да ја намали предноста на 2:1.

Сепак, тоа беше сè што гостите успеаја да направат. Во 68. минута, Ремзифаик Селмани зголеми на 3:1, казнувајќи ја лошата реакција на дефанзивецот на Шкупи, Рифадов.

Финишот му припадна на Флорент Османи, кој во 72. минута го постигна својот прв гол во Првата лига за 4:1, а само четири минути подоцна (76’), по асистенција на Абдули, ги постави конечните 5:1 со својот втор погодок на натпреварот. До крајот на средбата, голманот на гостите, Сефер Муслиу, со неколку интервенции спречи уште поубедлив пораз.

Во 30. коло, Арсими му гостува на Тиквеш, додека Шкупи ќе се соочи со Македонија Ѓ.П.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!