Прва лигаФудбал

Акику најавува борба: Шкупи не се предава во Гостивар, одиме по позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По тешкиот пораз од Вардар, фудбалерите на Шкупи веќе го насочија вниманието кон следниот предизвик. Во рамките на 29. коло од Првата лига, денеска гостуваат кај Арсими во Гостивар.

Домашниот тим е под силен притисок да освои бодови во борбата за опстанок, додека Шкупи во овој натпревар влегува со јасна цел – да ја забележи првата победа сезонава против овој ривал.

Младиот фудбалер на Шкупи, Ендрит Акику, во пресрет на мечот порача дека екипата е максимално мотивирана и подготвена да одговори на предизвикот, без оглед на околностите.

„Не е важно дали играме со млади или со искусни фудбалери. Ние сме Шкупи и во секој натпревар влегуваме со цел да го дадеме максимумот. Не се плашиме од никого. Тука сме да ги браниме боите на клубот до последната секунда. Очекуваме фер игра и ќе се бориме за позитивен резултат“, изјави Акику.

Тимот на Арсими се покажа како „незгоден“ противник за Шкупи оваа сезона, доминирајќи во досегашните пресметки во Прва Лига, Арсими славеше во двата натпревари (4-2 и 3-0).

Арсими победи на последниот пријателски натпревар  (1-0), додека единствениот триумф на Шкупи датира од пријателскиот меч на 23 март 2024 година (3-1).

Натпреварот помеѓу Арсими и Шкупи ќе се одигра денеска на стадионот во Гостивар со почеток во 12:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!