Фудбалерот на Арсими, Семир Џемаили, даде изјава во пресрет на натпреварот против Шкупи, осврнувајќи се на формата на противникот и амбициите на својот тим до крајот на сезоната.
Џемаили нагласи дека Шкупи е клуб со богата традиција и реноме во македонскиот фудбал, кој во минатото бил меѓу најсилните екипи. Сепак, според него, тимот во моментов минува низ тежок период поради одредени проблеми.
И покрај актуелната состојба на ривалот, фудбалерот на Арсими истакна дека неговата екипа ќе пристапи максимално сериозно, со целосен респект и без никакво потценување.
“Шкупи е голем клуб со богата историја. Ние не гледаме на нивната моментална ситуација, туку се подготвуваме сериозно и со почит, исто како и против секој друг тим во лигата. Против Работнички одигравме солиден натпревар, но некои ситни грешки не казнија. Тоа се детали на кои мора да внимаваме во продолжението.
За нас секој натпревар е од огромно значење. Потребен е максимален фокус до самиот крај за да ја оствариме целта,“ заклучи фудбалерот на Арсими.
Натпреварот Арсими -Шкупи се игра на Градскиот стадион во Гостивар со почеток во 12 часот.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1 во сетови. Митевска одлично го започна мечот и го освои првиот...
Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...
Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...
Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2....
Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...
Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...