Фудбал

30 дневен притвор за Муамед Сејдини

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Поранешниот претседател на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини, вечерва заврши во 30-дневен притвор, откако Основниот кривичен суд Скопје го прифати барањето на обвинителството.

Судот оцени дека постои опасност од бегство, како и можност осомничениот да влијае врз сведоци и докази во текот на постапката.

Сејдини е осомничен за кривично дело „Проневера во службата“, поврзано со финансиски средства во висина од околу 660.000 евра.

Според досегашните информации, станува збор за средства обезбедени од УЕФА преку програмата „HatTrick VI“, наменети за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Истрагата укажува дека аванс од 20% бил исплатен без одлука на Управниот одбор и без банкарска гаранција, што претставува основа за сомнежите за злоупотреба.

Во продолжение следуваат официјалните соопштенија од надлежните институции:

  • Соопштение од МВР:

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во периодот од ноември – декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист.

Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура.

Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот – изградба на трибина на Стадион “Билјанини Извори” во Охрид и дал предлог за отпочнување на постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.

Иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс, го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице.“

  • Соопштение од ОЈО Скопје:

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во периодот од ноември – декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист.

Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура.

Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот – изградба на трибина на Стадион “Билјанини Извори” во Охрид и дал предлог за отпочнување постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.

Иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот, спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс.

Го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постои оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.“

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арифовски ќе се обиде да ја врати АП Брера на победнички колосек на мечот со Пелистер

Завршница е на сезоната, а во Струмица има турбуленции. Замина досегашниот тренер Мартин Алаѓозовски, кој поднесе оставка по убедливиот пораз од Силекс во...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Вардар и Арената се инспирација за секого

Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје  со почеток од 16:00 часот, Вардар ќе го пречека Тиквеш во дуел што е дел од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арифовски ќе се обиде да ја врати АП Брера на победнички колосек на мечот со Пелистер

Завршница е на сезоната, а во Струмица има турбуленции. Замина досегашниот тренер...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Вардар и Арената се инспирација за секого

Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје  со почеток од 16:00 часот,...

Прва лигаФудбал

Вардар оди само на триумф против Тиквеш, лидерот сака три бода и ништо друго!

Како што одминува времето и се приближува крајот на шампионатот, така битката...

Прва лигаФудбал

Пелистер сака да ја преживее Струмица и да ги освои бодовите во дуелот со Брера

Битолскиот фудбалски мега-бренд минува низ стресен период од годината кога секој натпревар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!