Новата ракометна приказна во Радовиш, РК Феникс, сè повеќе го привлекува вниманието на младите спортисти, а интересот за приклучување во клубот постојано расте – не само од Радовиш, туку и од соседна Струмица.
Клубот официјално ги отвори вратите за сите заинтересирани деца – момчиња и девојчиња родени 2018 година и постари, нудејќи им можност да ги направат своите први чекори во ракометот во организирана и професионална средина.
Она што е особено впечатливо е што интересот за РК Феникс веќе ги надминува границите на градот. Сè повеќе деца од Струмица, која се наоѓа на околу 30 километри од Радовиш, пројавуваат желба да станат дел од клубот. Ова само ја потврдува сериозноста на проектот и фактот дека, како што вели народната поговорка – „добриот глас надалеку се слуша“.
Феникс е сериозен проект со јасна визија и амбициозни планови за во иднината, кои во наредниот период ќе бидат потврдени преку конкретни активности и развојни програми.

Акцентот е ставен на правилниот раст и развој на децата преку спортот, работа со лиценцирани и посветени тренери, како и градење дисциплина, тимски дух и самодоверба. Покрај спортскиот дел, клубот нуди и здрава средина за дружење и нови пријателства.
Од РК Феникс порачуваат дека не градат само тим, туку вистинско спортско семејство, каде што се создаваат идните шампиони на македонскиот ракомет.
Сите заинтересирани можат да се пријават на телефон 078 673 345 и 077 825 580, преку е-пошта rk.feniks2026@gmail.com или преку Instagram профилот (@rk_feniks2026).