ФудбалФутсал

Шкупи и Клими го отвараат колото, новиот шампион Проект гостува во Крива Паланка

Сподели
Сподели



Вечерва со натпреварот меѓу Шкупи и Клими ќе биде отворено претпоследното 17. коло на Првата футсал лига на Македонија.

Меч без резултатско значење освен за престиж и што повисок пласман на самата првенствена табела, бидејќи Проект одамна стана нов шампион на Македонија, а Балкан и Мал Ајакс испаднаа во Втората лига.

Боби Величков како прв судија и Роберт Црвенов како втор судија ќе ја делат правдата на овој натпревар, делегат на мечот е Ѓоре Манасиев, а контролор е Дејан Неделкоски.

За сабота се закажани два натпревари. Од 17 часот Форца на домашен терен ќе игра против Балкан, овде фаворит е ланскиот шампион, а пак од 20 часот Јувентус Серава ќе игра против Кеги Моби, каде гостинот од Велес е фаворит.



Два натпревари ќе се одиграат в недела. Од 19 часот во Крива Паланка екипата на Осогово ќе го пречека новиот шампион Проект, гостинот од Јосифово е фаворит за нов 17-ти по ред триумф во шампионатот.

Еден час подоцна Бутел како фаворит ќе игра против Мал Ајакс од Штип за комплетирање на колото.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!