КупФудбал

Шкендија преку пресврт во Тетово ја доби Шкендија Арачиново во Купот

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели



Актуелниот шампион Шкендија направи важен чекор кон финалето во Купот на Македонија, откако на домашен терен со 3-2 славеше против Шкендија Арачиново во првиот полуфинален дуел.

Натпреварот започна идеално за тетовци, кои уште во раната фаза добија пенал, а сигурен реализатор беше Трумчи за водство од 1-0. Домашниот тим имаше можност и да ја удвои предноста, но не успеа да ја искористи.

Гостите од Арачиново не се предадоа и во средината на првото полувреме израмнија преку Амир Нухија, кој погоди со глава по добро уфрлување. Пред самиот крај на првиот дел следеше целосен пресврт, кога Фикрет Ливарека со ефектен погодок донесе предност од 1-2 за второлигашот.

Во второто полувреме фаворитот ја презеде иницијативата и успеа да го врати резултатскиот баланс. Ване Крстевски во 54. минута израмни на 2-2, а комплетниот пресврт беше заокружен во 70. минута, кога Мелиќи ја затресе мрежата за конечни 3-2 по асистенција од Красниќи.

До крајот двете екипи имаа свои моменти, но резултатот не се промени. Патникот во финалето ќе биде познат по реваншот, кој е закажан за 6 мај.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

РК Феникс в недела го игра првиот официјален натпревар против Младост во Радовиш

Новоформираниот ракометен клуб Феникс од Радовиш во недела ќе го одигра првиот официјален натпревар откако клубот започна со работа пред околу седум месеци....

Ракомет

Прилеп ја засилува бековската линија со 17-годишниот Лав Зековиќ

РК Прилеп продолжува да го подмладува и засилува својот ростер, а најново име во екипата е 17-годишниот Лав Зековиќ од Црна Гора. Младиот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

КупФудбал

КУП: Дерби на Саса и Скопје, Истатов со Ржаничино, Љуботен кај Билјанини Извори, Вардар против Пелистер

Денес беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!