ИнтернационалциФудбал

(ВИДЕО) Херојот Димитриевски: Валенсија извлече бод кај Мајорка

Сподели
ФОТО: Valencia C.F | facebook
Сподели

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски одигра уште една извонредна партија и беше клучен за бодот на Валенсија на гостувањето кај Мајорка (1:1) во 33. коло.

Домашниот состав поведе на стартот од второто полувреме преку Саму Коста, кој во 49. минута ја искористи невнимателноста во одбраната.

Сепак, гостите возвратија преку Садик во 67. минута и поставија конечни 1:1.

До крајот на средбата, Мајорка имаше неколку сериозни шанси, но Димитриевски беше непробоен. Со низа одлични интервенции, меѓу кои и неколку клучни одбрани, македонскиот чувар на мрежата го задржа својот тим во игра и му обезбеди важен бод.

Валенсија дури имаше можност и за целосен пресврт во финишот, но не успеа да ја реализира шансата, па мораше да се задоволи со реми. По ова коло, „лилјаците“ се наоѓаат во средината на табелата, додека Мајорка останува веднаш зад нив.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид се подготвува за Целје – отворен фан шоп за навивачите

Во пресрет на полуфиналниот натпревар со Целје во Словенија, ГРК Охрид ги информира своите навивачи за можноста да обезбедат клупски реквизити и да...

Ракомет

Вардар го доби најголемиот спонзор во историјата на клубот!

РК Вардар и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го промовираа своето партнерство, со кое компанијата станува еден од главните поддржувачи...

Поврзани написи
Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново...

Трета лигаФудбал

Стојановски: Сигурно одиме кон бараж – Еуромилк ГЛ заслужува Втора лига

Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!