Охрид забележа минимална победа од 1:0 над Опатија Еспорт во рамки на 8. коло од ЕРС (eFootball Pro Champions), „рибарите“ во состав на Иван Иванов, Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ одигра фантастичен меч.
Иванов кој во претходното коло не можеше да настапи за Охрид поради репрезентативките обврски со македонската репрезентација, за овој меч беше на располагање и тоа се покажа како клучно за „рибарите“ да слават минимална, но голема победа и да ги освојат трите бодови.
Одличен меч со многу изгледни шанси, Охрид можеше и до поголем триумф, но сепак и со 1:0 се освојуваат трите бодови за вкупно десет.
Во следното коло Охрид ќе игра дерби на колото со Графичар и со тоа продолжува борбата за плеј-оф, а сите екипи кои се позиционирани од шестото до десеттото место ќе се соочат меѓусебно и тоа ќе понуди многу неизвесни мечеви во следните кола, каде борбата за трите бодови ќе биде многу голема.
Инаку лигата се игра во популарниот 3 на 3 мод. Во рамки на првото коло Охрид одигра 0:0 со Будуќност од Црна Гора, а во второто коло со 2:0 славеше над Тиквеш во македонското дерби, а во третото коло одигра 0:0 со Локомотива Загреб, а потоа следуваше ново реми од 0:0 против Ксилофагу Еспортс од Кипар, а имаше реми и со Партизан (1:1), додека пак во претходното коло Охрид забележа пораз од Марибор.
Натпреварите може да се следат во живот на Arena eSport ТВ каналот, како и на нивниот официјален YouTube канал, а Спортска Мрежа е медиумски покровител на тимот на Охрид.