Трета лигаФудбал

Срамен пораз за Караорман: Прими пет гола, па во 49. минута остана со шестмина фудбалери на терен!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели



Тежок пораз за Караорман на гостувањето кај Кравари во меч од 14. коло на Трета лига – Југ. Како што претходно објави Спортска Мрежа во деталниот извештај за колото, овој пораз од 5:0 е тежок бидејќи Караорман во 49. минута остана со само шест играчи на теренот и со тоа не можеше да продолжи мечот.

Да биде уште поголем проблемот Караорман на овој меч беше со девет играчи и со толку играчи и го започна мечот што резултираше со пет примени погодоци во првиот дел.

Во 49. минута гостинот од Струга на терен остана со шест играчи и со тоа не можеше да го продолжи натпреварот.

„Во 49. минута, гостинската екипа остана со шест играчи на теренот и поради немање на доволен број на играчи, натпреварот не продолжи“, се вели во записникот од мечот.

Караорман, клуб кој е фудбалска гордост на Струга да не може да биде комплетен играчки на еден натпревар. Клубот пред две сезони испадна од Втора лига, иако имаше амбиции за експресно враќање, ништо нема од тоа.

Дополнително, Караорман е есенски шампион во Трета лига – Југозапад.



Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

Започна обуката за УЕФА А лиценца во Дојран: стручњаци и поранешни репрезентативци дел од програмата за тренери

Центарот за едукација на тренери при ФФМ во Дојран започна со обука на нова генерација кандидати за УЕФА А лиценца. Наставата се одвива...

Ракомет

Вардар добива квалитетно засилување: Французинот Фадуил пристигнува во Скопје

Ракометниот клуб Вардар продолжува со градење на тимот за следната сезона, откако го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил. 23-годишниот ракометар...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

Прва лигаФудбал

Компаоре: Им должиме добар натпревар на нашите навивачи, се надеваме на победа

Струга Трим Лум денеска на домашен терен го пречекува Силекс и ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!