Искусниот стратег Емил Грнев успешно ја заврши сезоната во Втората лига на Малта, каде со екипата на Санта Луција заврши на третото место во плеј-аутот со 33 бодови.
Штипскот стратег кој работи со неговиот сограѓанин Борче Постолов, кој е негов прв асистент, како и Португалецот, Рубен Круз кој е аналитичар во стручниот штаб на Грнев зад себе имаат успешна сезона и успешни резултати.
Грнев зимава го презеде тимот на Санта Луција и со одлични резултати го издигна клубот, беше на чекор да обезбеди место во плеј-офот. Со две убедливи победи во низа Санта Луција заврши успешна сезона.
Славје од 3:0 над Зуријек за четата на Грнев, како и Победа на Мтарфа од 1:5, тим кој се пресели во ранг подолу.
Според информациите на Спортска Мрежа многу извесно е дека Емил Грнев ќе ја продолжи соработката и за следната сезона, а амбициите ќе биде повисоки – да се обезбеди место во плеј-офот и да се води борба за влез во Супер лигата на Малта.
Во следниот период најавуваме разговор со Емил Грнев со кого ќе разговараме на повеќе фудбалски теми.