Прва лигаФудбал

Џангаровски: Македонија ЃП има карактер и верба дека ќе успее во битката за опстанок

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Денеска во рамките од 28. коло од домашното првенство на стадионот Петар Милошевски во Битола од 15:00 часот ќе се сретнат екипите на Пелистер и Македонија ЃП.

Уште еден од серијата дуели кои што периодов ќе ги гледаме, а се однесуваат на битката за опстанок, односно кои екипи ќе ги гледаме во ПМФЛ, а кои во второлигашката конкуренција следната сезона.

Македонија ЃП како тим има доста квалитет во себе, пред се во младите и надежи македонски младински репрезентативци.

Еден од нив секако е Мартин Џангаровски, кој што во континуитет е споменуван како еден од нашите најдобри млади фудбалери. Има сериозна прволигашка минутажа, иако е генерација, 2008, и веќе е стандарден репрезентативец.

„Очекуваме многу тежок и борбен натпревар против ФК Пелистер. Станува збор за директен конкурент и знаеме колку значат бодовите. Ние сме максимално фокусирани, подготвени и веруваме во нашите квалитети дека можеме да дојдеме до позитивен резултат. Нема место за такви мисли. Додека постојат и теоретски шанси, ние ќе се бориме до крај. Тимот има карактер и верба и ќе дадеме максимум на секој натпревар. Во вакви натпревари најважно е да се биде дисциплиниран, фокусиран и да се игра како тим. Деталите одлучуваат, затоа треба ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже“ – вели Мартин Џангаровски за денешниот натпревар во Битола.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) на 18 октомври 2026 година изврши подновување на маркацијата на потегот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

Втора лигаФудбал

Деветтото коло на Втора лига во сабота од 14 часот: Дербито е на „Билјанини Извори“

Сите натпревари од деветтото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!