Трета лигаФудбал

Марјан Младеновски ќе им суди на Еуромилк ГЛ и Аеродром, Дејан Младеновски на Студеничани и Кадино

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели



Денес со мечот меѓу БВК Коњаре и Ржаничино ќе биде отворено 20. коло на Трета лига – Север, а кое коло ќе се комплетира утре со останатите средби.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од оваа рунда.

Воведниот меч ќе го суди Никола Костенчев, а ќе му помагаат Дејан Димитријевиќ и Бобан Јовановски.

Беса Сарај ќе бара продолжува на победничката низа против Фортуна, а главен судија на овој меч ќе биде Александар Ѓорѓиевски, а ќе му помагаат Дарко Наумовски и Шенол Шаботиќ.

Студеничани ќе игра против Кадино, а ќе им суди Дејан Младеновски, а ќе му асистираат Кристијан Лазески и Александар Атанасовски.

Главен судија на мечот меѓу Пчиња и Отља ќе биде Денис Стојковиќ, а помошници ќе бидат Бојан Аврамовски и Бојан Александровски.



Куманово на домашен терен ќе игра против Башкими Љуботен, а овде главен арбитар ќе биде Валтон Маличи, додека пак Милош Алексиќ и Иљаз Рамадани ќе бидат помошници.

Беса во Слупчане ќе го пречека тимот на Лопати, Никола Петковски ќе дели правда со помошниците Станко Митровиќ и Предраг Анѓеловски.

Дербито на колото кое се игра во Горно Лисиче меѓу лидерот Еуромилк и третопласираниот Аеродром ќе го суди Марјан Младеновски, а ќе му помагаат Христијан Стојчевски и Матеј Спасевски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите за Европското првенство. Македонската селекција ќе настапи во четвртата група од...

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

Втора лигаФудбал

Деветтото коло на Втора лига во сабота од 14 часот: Дербито е на „Билјанини Извори“

Сите натпревари од деветтото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!