РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентацијата до 16 години поразена од Узбекистан

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација која е дел од развојниот турнир на УЕФА за играчи до 16 години во вториот настап во Струмица е поразена од Узбекистан со 2:0.

За разлика од првиот дуел со Северна Ирска, селектор Иљами Исејни направи неколку измени во стартниот состав и им даде шанса на фудбалери кои пред два дена на почетокот од натпреварот се најдоа на клупата за резервни фудбалери.

Узбекистан поведе во 39. минута, а стрелец на голот беше Берузбек Саматов.

Во претпоследната минута од првиот дел Александар Полимац имаше можност за израмнување, но неговиот обид го одбрани голманот Алмаз Ајупов, кој исто така одлично реагираше и во 58. минута по ударот со глава на Адријан Велески.

Во продолжението од натпреварот Македонија имаше уште две можности за израмнување. Во 71. Матеј Бочески шутираше, а Ајупов одбрани, а на пет минути пред крајот на мечот обидот на Стефан Ристиќ заврши крај голот.

Конечниот резултат го постави Рузимуродјон Рузимуродов во петтата минута од судиското надополнување.

Во последното коло Македонија се среќава со Турција, која беше совладана од Северна Ирска со 3:2.

Натпреварот е на програмата в понеделник и ќе се одигра на теренот на тренинг центарот Горан Пандев.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово на бод до Новаци: полесен распоред за домаќинот на Шкупи, потежок пат за „жетварите“

Еден бод ги дели Новаци и Осогово пред последното есенско коло во Втората лига, но нивните задачи се значително различни. Новаци го пречекува...

Втора лигаФудбал

Кожуф го фати вистинскиот ритам: осум бода во четири кола и поглед кон горниот дел

Две гостински победи и две домашни ремија го променија бодовното темпо на Кожуф. Гевгеличани во последните четири кола освоија осум бода, покажаа дека...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија комплетна пред дуелот со Кипар – Димитријевиќ и Рајт се приклучија на репрезентацијата!

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ги комплетираше подготовките пред утрешниот натпревар против Кипар,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гоце Седлоски повеќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија испрати порака на почит и благодарност до Гоце...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Ништо не е готово, секоја победа не носи поблиску до целта!

Македонската сениорска репрезентација ја очекува важен дуел против Кипар, втор во рамките...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Позната судиската тројка за дуелот Македонија – Кипар

Францускиот судија Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!