Младински фудбалФудбал

ФОТО: Ерион Салихи – голгетерската надеж на Башкими што тропа на вратите на сениорскиот фудбал

Сподели
Сподели



Младиот фудбалер Ерион Салихи важи за еден од најперспективните таленти во македонскиот фудбал, а неговите настапи оваа сезона го потврдуваат тоа на најдобар можен начин. Напаѓачот на младинските категории на Башкими блеска со својата ефикасност, постигнувајќи дури 20 голови во Пионерската Супер лига, со што се наоѓа на врвот на листата на стрелци.

Салихи, кој е роден на 8 април 2009 година, е вистински продукт на клубот, минувајќи ги сите младински селекции на Башкими. Оваа сезона паралелно настапува и во Младинската Супер лига и во Пионерската конкуренција, каде континуирано ги демонстрира своите голгетерски квалитети.

Станува збор за напаѓач со изразен осет за гол, одлично движење и зрелост во играта. Токму затоа, сè погласни се најавите дека наскоро би можел да добие шанса и во сениорскиот тим на Башкими.

Неговиот развој внимателно го следи тренерот Аријат Османи, поранешен фудбалер на клубот, кој има значајна улога во оформувањето на младиот напаѓач.

Со вакви партии и континуитет, речиси извесно е дека Салихи наскоро ќе го привлече вниманието и на селекторите во младинските репрезентации на Македонија, каде неговиот потенцијал би можел дополнително да дојде до израз.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Работнички по потврда на опстанокот во Гостивар

Второто коло во Плеј-аут зоната носи уште три натпревари, во кои треба да биде, веројатно уште појасно, која ќе биде третата екипа која...

Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а најновото име кое се поврзува со „црвено-црните“ е францускиот среден бек...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Четири гола на Осман Мустафа: Голема победа на Јувентус Серава над Форца

Јувентус Серава вечерва славеше голема победа над ланскиот шампион Форца со резултат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!