Ракомет

Ројевиќ пред финалето од Купот: „Ова е историска сезона за Охрид!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид прв обезбеди пласман во финалето на Купот на Македонија, откако одигра доминантен натпревар против Еурофарм Пелистер. По мечот, за Спортска Мрежа, тренерот на охриѓани- Борис Ројевиќ го анализираше полуфиналниот дуел и изрази големо задоволство од изданието на својот тим.

ФОТО: ГРК Охрид

Ројевиќ најпрво се осврна на самиот натпревар, нагласувајќи дека неговите ракометари одиграле дисциплинирано, со јасна контрола и верба во сопствените квалитети.

„Одигравме навистина квалитетен натпревар и можам да бидам многу задоволен од изданието на моите ракометари. Покажаа голема енергија, дисциплина и карактер од првата до последната минута. Знаевме дека нè очекува тежок меч против исклучително квалитетен противник како Еурофарм Пелистер, но верувавме во себе и во тоа што го работиме. Искрено, очекував понеизвесен натпревар, особено по мечот во Битола, но момците од самиот почеток наметнаа ритам и контрола на играта. Кога играме вака фокусирано и борбено, можеме да се носиме со секого.“

ФОТО: ГРК Охрид

Во продолжение, стратегот на Охрид зборуваше за одличната атмосфера во тимот, серијата позитивни резултати и амбициите за продолжението од сезоната.

„Се наоѓаме во многу добра серија и она што ме радува најмногу е атмосферата во тимот. И покрај повредите на Борозан и Петриќ, момците даваат и повеќе од максимумот – би рекол 120%. Тоа го покажува нивниот карактер и заедништво. Во клубот и во градот сите дишеме како едно и навистина го живееме овој сон. Оваа сезона веќе е историска за Охрид, како во Европа, така и сега во Купот на Македонија. Што се однесува до амбициите, тие секогаш се највисоки – одиме на победа во секој натпревар. Не се оптоваруваме однапред со трофеи, но сигурно ќе дадеме сè од себе за да постигнеме што поголем успех.“- изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид ја продолжува одличната серија резултати и со голема самодоверба ќе влезе во финалниот натпревар, каде ќе има можност да го круниса историскиот успех со освојување на трофејот во Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Паунков: Мора да го оставиме овој несреќен пораз од Прилеп зад нас, против Вардар да покажеме добра игра

Младост испушти победа од раце против Прилеп на домашен терен, од плус...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!