Кошарка

Партизан слави 80 години: Илиевски и Михајловски дел од свеченоста во Белград

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Синоќа, во салата на Арената во Белград, КК Партизан организираше свечена промоција на монографијата „Првите 80 години на КК Партизан“, дело на авторите Владимир Сибиновиќ и Миленко Јањиќ.

Настанот беше одлична можност на едно место да се соберат повеќе од 300 гости – поранешни и сегашни членови на еден од најголемите кошаркарски клубови во регионот и Европа.

ФОТО: КФМ

Монографијата, која содржи над 500 фотографии на повеќе од 400 страници, привлече големо внимание, а меѓу присутните беа и македонски кошаркари кои оставиле значаен белег во дресот на „црно-белите“. Меѓу нив се најдоа Владо Илиевски, актуелен спортски директор на националните селекции, како и Игор Михајловски, дел од легендарната генерација што го освои Купот на шампионите.

Свеченоста се совпадна и со значаен јубилеј – 34 години од историското освојување на европската титула во 1992 година во Истанбул. По тој повод, беше организирано и заедничко дружење на дел од творците на најголемиот успех во историјата на клубот.

Владо Илиевски и Игор Михајловски остануваат важен дел од богатата историја на белградскиот Партизан.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Работнички по потврда на опстанокот во Гостивар

Второто коло во Плеј-аут зоната носи уште три натпревари, во кои треба да биде, веројатно уште појасно, која ќе биде третата екипа која...

Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а најновото име кое се поврзува со „црвено-црните“ е францускиот среден бек...

Поврзани написи
Кошарка

Работнички по потврда на опстанокот во Гостивар

Второто коло во Плеј-аут зоната носи уште три натпревари, во кои треба...

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска...

Кошарка

Негорски Бањи центар на младата кошарка: ФИБА камп за генерации 2013 и 2014

Кошаркарската федерација на Македонија во соработка со ФИБА и ова лето продолжува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!