Останато

Ѓорческа елиминирана во Порторож, Завацка убедлива во два сета

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож, кој се играше за награден фонд од 60.000 долари, откако беше поразена во второто коло од Катарина Завацка со 2:0 во сетови (6:2, 6:0) за 69 минути игра.

Ѓорческа имаше добар почеток на натпреварот, откако го освои првиот гем и направи брејк, но потоа следуваше пад во играта. Украинката врза четири последователни гема и поведе со 4:1, по што рутински го приведе првиот сет до крај со 6:2. Во вториот сет, македонската тенисерка не успеа да најде ритам и остана без освоен гем.

Следниот предизвик за Ѓорческа ќе биде ИТФ турнирот W100 во Висбаден, каде според моменталниот ранкинг се наоѓа на листата за квалификации.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!