Ракомет

Блажески: Одбраната беше клучна за победа, нападот беше перфектен

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид испиша историја и ќе игра историско финале од Купот на Македонија, откако го декласираше Еурофарм Пелистер со 26:19 во полуфиналето.

Голманот на „гладијаторите“ Бојан Блажески вели дека за овој голем триумф клучна била одбраната, а дополнува дека нападот бил перфектен.

„Честитки до Пелистер за фер и коректната игра, честитки до нашите момци. Мислам дека денес одигравме еден од подобрите натпревари оваа сезона, одбраната беше клучна за денешната победа, Пилиповиќ беше исто одличен на голот, нападот функционираше перфектно. Со Коуске мислам дека имаме уште можност да го унапредиме тој напад, секако тој е нов и малку и со јазикот има проблеми, но мислам дека ќе биде перфектно. Сега чекаме да видиме со кого ќе играме во неделното финале со подобриот од Алкалоид и Вардар. Но, секако за нас оваа е историја и понатаму секоја победа е испишана историја за Охрид“, вели голманот на Охрид, Бојан Блажески.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Европската ракометна федерација...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, но и последниот меч во...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!