Ракомет

Охрид блесна во Струмица – Еурофарм Пелистер разбиен за историско финале во Купот

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели



Ракометарите на Охрид одиграа импресивен натпревар и заслужено се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако убедливо го совладаа Еурофарм Пелистер со 26-19 на завршниот турнир во Струмица.

По израмнетиот почеток, охриѓани брзо ја презедоа контролата на теренот и со сигурна игра во одбраната и ефикасни напади почнаа да ја градат предноста. До крајот на првото полувреме веќе имаа значајна разлика (13-7), оставајќи го противникот без вистинско решение во нападот.

Во вториот дел, избраниците на Борис Ројевиќ дополнително ја засилија играта и во еден момент стигнаа и до двоцифрена предност, со што практично го решија победникот. Пелистер се обиде да ја намали негативата во финишот, но немаше сила за посериозен пресврт.

Охрид одигра зрело и дисциплинирано до самиот крај, контролирајќи го темпото и не дозволувајќи неизвесна завршница, со што го завери еден од најголемите успеси во клупската историја.

Со овој триумф, охриѓани обезбедија место во финалето каде ќе се борат за трофејот, а противникот ќе го дознаат по второто полуфинале меѓу Вардар и Алкалоид.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово на бод до Новаци: полесен распоред за домаќинот на Шкупи, потежок пат за „жетварите“

Еден бод ги дели Новаци и Осогово пред последното есенско коло во Втората лига, но нивните задачи се значително различни. Новаци го пречекува...

Втора лигаФудбал

Кожуф го фати вистинскиот ритам: осум бода во четири кола и поглед кон горниот дел

Две гостински победи и две домашни ремија го променија бодовното темпо на Кожуф. Гевгеличани во последните четири кола освоија осум бода, покажаа дека...

Поврзани написи
Ракомет

Савревски пред дербито со Пелистер: „Со максимална борбеност можеме да стигнеме до нови бодови!“

По успешната европска недела, ракометните возбудувања продолжуваат со големото дерби меѓу Еурофарм...

Ракомет

Алкалоид убедлив против Мулти Есенс – Дамјан Митев со 11 погодоци!

Ракометарите на Алкалоид ја продолжија суперлигашката сезона со сигурно издание и убедлива...

Ракомет

Пелистер го урна непоразениот Гдањск – Битола повторно слави европска победа!

Еурофарм Пелистер ја запиша можеби најважната победа во досегашниот тек од групната...

Ракомет

Червар предупредува на пеколен ритам пред Гдањск: „Играчите не се животни, се изморуваат!“

Еурофарм Пелистер го очекува нов сериозен европски испит, а предводникот на битолчани,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!