Прва лигаФудбал

Убедлива победа за Шкендија во Кавадарци над Тиквеш

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија продолжува со силниот ритам во Првата македонска лига, откако славеше убедлива победа од 1-4 на гостувањето кај Тиквеш во 28. коло.

Тетовци го решија прашањето на победникот уште во првото полувреме. Мелиќи го отвори резултатот рано во мечот, а до паузата предноста дополнително ја зголемија Ибраими и Љатифи за високи 0-3.

Домашниот состав се обиде да се врати во игра на стартот од вториот дел, кога Стојчев намали на 1-3, но надежите кратко траеја. Само неколку минути подоцна Тамба ја врати сигурноста на Шкендија и ги постави конечните 1-4.

До крајот на средбата темпото се намали, а гостите рутински ја зачуваа предноста за нови три важни бода во битката за шампионската титула.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово на бод до Новаци: полесен распоред за домаќинот на Шкупи, потежок пат за „жетварите“

Еден бод ги дели Новаци и Осогово пред последното есенско коло во Втората лига, но нивните задачи се значително различни. Новаци го пречекува...

Втора лигаФудбал

Кожуф го фати вистинскиот ритам: осум бода во четири кола и поглед кон горниот дел

Две гостински победи и две домашни ремија го променија бодовното темпо на Кожуф. Гевгеличани во последните четири кола освоија осум бода, покажаа дека...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осогово на бод до Новаци: полесен распоред за домаќинот на Шкупи, потежок пат за „жетварите“

Еден бод ги дели Новаци и Осогово пред последното есенско коло во...

Втора лигаФудбал

Кожуф го фати вистинскиот ритам: осум бода во четири кола и поглед кон горниот дел

Две гостински победи и две домашни ремија го променија бодовното темпо на...

КупФудбал

КУП: Арсими е последниот патник во четвртфиналето откако преку пресврт ја доби Брера во Струмица

Прволигашот Арсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!