Ракомет

Охрид блесна во Струмица – Еурофарм Пелистер разбиен за историско финале во Купот

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели



Ракометарите на Охрид одиграа импресивен натпревар и заслужено се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако убедливо го совладаа Еурофарм Пелистер со 26-19 на завршниот турнир во Струмица.

По израмнетиот почеток, охриѓани брзо ја презедоа контролата на теренот и со сигурна игра во одбраната и ефикасни напади почнаа да ја градат предноста. До крајот на првото полувреме веќе имаа значајна разлика (13-7), оставајќи го противникот без вистинско решение во нападот.

Во вториот дел, избраниците на Борис Ројевиќ дополнително ја засилија играта и во еден момент стигнаа и до двоцифрена предност, со што практично го решија победникот. Пелистер се обиде да ја намали негативата во финишот, но немаше сила за посериозен пресврт.

Охрид одигра зрело и дисциплинирано до самиот крај, контролирајќи го темпото и не дозволувајќи неизвесна завршница, со што го завери еден од најголемите успеси во клупската историја.

Со овој триумф, охриѓани обезбедија место во финалето каде ќе се борат за трофејот, а противникот ќе го дознаат по второто полуфинале меѓу Вардар и Алкалоид.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!