Кошарка

Негорски Бањи центар на младата кошарка: ФИБА камп за генерации 2013 и 2014

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија во соработка со ФИБА и ова лето продолжува со развојот на младите таленти, организирајќи ново издание на развојниот кошаркарски камп. Кампот ќе се одржи од 22 до 27 јуни во Негорски Бањи и ќе ги собере најперспективните кошаркари и кошаркарки од генерациите 2013 и 2014 година.

Вкупно 60 млади играчи, во машка и женска конкуренција, ќе бидат дел од овој проект, каде ќе тренираат и ќе ја унапредуваат својата игра под водство на стручни тренерски тимови. Во машка конкуренција селекцијата ја предводи Мартин Атанасовски со асистентите Мартин Анчевски и Никола Димитриевски, додека кај девојките главен тренер е Никола Петровски, заедно со Сара Стојановска и Јована Стојанова.

По направената селекција, веќе се избрани по 15 играчи во машка и женска конкуренција, а по завршувањето на финалниот турнир во М12 лигата ќе следуваат дополнителни селективни тренинзи за деца родени 2014 година, со цел комплетирање на групата со уште 30 учесници.

Овој камп претставува важен чекор во развојот на младинската кошарка во Македонија, со фокус на правилен тренинг, напредок и создавање на идни репрезентативци.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант во драматична завршница славеше со 33-32. „Црвено-црните“ имаа напад за израмнување...

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица со убедливи 3:0 против Санта Колома во Андора – речиси заверен пласман во следната рунда

Брера Струмица оствари одличен резултат на првиот натпревар во младинската Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Андора убедливо со 0:3 ја совлада...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!