Ракомет

Во Скопје ќе се крои новата регионална ракометна лига

Сподели
Сподели

Главниот град на Македонија ќе биде домаќин на клучен состанок за иднината на ракометот во регионот. На 19 април 2026 година, во хотел „Хилтон“ во Скопје, ќе се одржи третиот состанок поврзан со формирањето на регионалните натпреварувања – Men’s & Women’s Regional Handball League (MRHL / WRHL).

На овој значаен настан ќе присуствуваат претставници на ракометните федерации и клубови од Македонија, Србија и Црна Гора, а дополнителна тежина му дава и присуството на потпретседателот на ЕХФ, Предраг Бошковиќ.

Главните теми на состанокот ќе бидат насочени кон финализирање на форматот и календарот на натпреварување, утврдување на финансискиот и организацискиот модел, како и јасно дефинирање на улогите на федерациите и клубовите. Посебен акцент ќе биде ставен и на заедничкиот развој и координација на ракометот во регионот.

Според плановите, новата лига ќе стартува со 11 машки и 8 женски екипи, што претставува сериозна основа за подигање на квалитетот и конкурентноста.



Со оваа иницијатива, Ракометната федерација на Македонија се позиционира како двигател на регионалната соработка и отвора ново поглавје во развојот и афирмацијата на ракометот на Балканот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марија Златевска шампионка на државното првенство за ветеранки, ТК Тумба со две одличја

Одличен настап за ТК Тумба од Куманово на државното првенство за ветеранки над 30 години, каде што Марија Златевска стигна до шампионската титула....

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

Ракомет

Јагуриновски пред Бутел: „Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен“  

По убедливата победа над Струга во Езерското дерби на „Билјанини Извори“, Охрид...

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!