РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 подобра од Северна Ирска по пенали на УЕФА турнирот во Струмица

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 16 години со победа го отвори настапот на развојниот турнир на УЕФА што се одржува во Струмица, откако по изведување на пенали ја совлада селекцијата на Северна Ирска.

По 90 минути игра без голови, победникот беше решен по подобро изведување на удари од белата точка. Клучниот пенал за триумфот го реализираше Благојче Седлоски, кој сигурно го совлада противничкиот голман.

Според правилата на развојните турнири, победникот по пенали освојува два бода, додека поразениот тим добива еден.

Иако Македонија се радуваше на победата, селекцијата на Северна Ирска остави подобар впечаток во текот на натпреварот, создавајќи неколку сериозни можности, но без реализација.

Нашата репрезентација имаше свои шанси – во 31. минута по одличното додавање од Матеја Масев, Адријан Велески се обиде со лоб удар, но топката заврши покрај голот.

Во самиот финиш, во 81. минута, Александар Полимац имаше одлична можност да донесе победа во регуларниот дел, но не успеа да ја затресе мрежата.

Во следниот натпревар, Македонија ќе се соочи со селекцијата на Узбекистан, а дуелот ќе се одигра во петок со почеток од 15:30 часот.

МАКЕДОНИЈА: Илхан Мехмети, Филип Ѓорѓиоски (Арди Бајрами 58), Матеј Бочески (Марио Стојчевски 58), Матеја Масев (Митко Стојанов 70), Александар Полимац (Ефе Раифи 79), Дардан Адеми (Далибор Марковиќ 70), Павел Стојанов (Огнен Сивевски 46), Илија Аксентиев, Адријан Велески (Благоја Седлоски 70), Џихан Ибраими (Михајло Павлов 58), Осман Исмаили (Марин Крстевски 46).

Селектор: Иљами Исејни

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втор пораз за младите фудбалерки на Македонија до 15години

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!